Криси Тајген ги извадила силиконите, па добила торта во нивниот облик ФОТО

1,016

Сопругата на пејачот Џон Легенда (41), манекенката Криси Тајген (34) неодамна се пофали на социјалните мрежи дека конечно ќе направи нешто за што сонувала со години. Откако ставила силикони во градите на возраст од 20 години, сега одлучила да ги отстрани.

Таа го реализирала нејзиниот план, па ги информирала обожавателите дека операцијата поминала добро и дека сега само треба да се одмори за да може да заздрави што е можно побрзо.






Постапката за отстранување на силиконирњ од градите, Тајген ја сфати многу сериозно, па немала проблем да дискутира за таа тема пред јавноста. Таа го испланирала тоа и порано, но токму кога се решила на овој подвиг, била спречена поради коронавирусот кој одеднаш почнал да се шири низ целиот свет токму кога манекенката ја закажала операцијата.

Во карантинот, таа не се предомислила, но стрпливо чекала повторно да ги отворат поликлиниките и конечно да се препушти во рацете на експерти, кои ќе го поправат она што долго време ја мачело.

Се одлучила на операција затоа што силиконите ја мачеле и ѝ пречеле, па не можела да функционира нормално, а роди и две деца, ќерка Луна (4) и син Мајлс (2), па затоа смета дека сега е најдобро време за „освежување“.

– Беа одлични долги години и си ја завршија својата работа, но едноставно сфатив дека е време да ги отстранам. Не можам да дочекам конечно да можам да го закопчам фустанот на својот конфекциски број, да спијам свртена на стомакот со целосна удобност. Нема повеќе големи гради! Но, не грижете се, сè ќе биде добро. Јас сепак ќе имам гради, но тоа ќе биде вистински масна наслага, што, всушност, тоа се градите – истакнала таа.

Следбениците на Инстаграм ѝ порачале дека било време да „направи нешто со нив“ затоа што тие ѝ виснале и повеќе не била секси. Операцијата поминала добро, па Криси се јавила од клиниката. Кога се вратила дома, добила и мала забава. Се пошегувала на своја сметка и ја снимила тортата што ја дочекала дома.

„Почивајте во мир, гради“, пишувало на тортата направена во облик на женски гради.

 

 

Поврзани содржини