КРИС РОК ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ Првпат проговори по шамарот на Оскарите (ВИДЕО)
Публиката во Бостон го поздрави Рок со силен аплауз, а тој ги демантираше информациите на некои американски медиуми дека по инцидентот разговарал со Смит.
Комичарот Крис Рок го имаше своето прво јавно појавување откако Вил Смит му удри шлаканица на Оскарите.
Комичарот во Бостон, каде е на турнеја, изјави дека сѐ уште „се обидува да разбере што се случило“.
Публиката во Бостон го поздрави Рок со силен аплауз, а тој ги демантираше информациите на некои американски медиуми дека по инцидентот разговарал со Смит.
Организаторите на Оскарите открија дека од Смит било побарано да ја напушти церемонијата по шлаканицата, но актерот одбил.
Смит му удри шлаканица на комичарот затоа што се пошегува со избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, што е последица на опаѓање на косата поради алопеција.
„Како ви помина викендот?“, се пошегува Рок со публиката во театарот „Вилбур“ во Бостон.
Тој тогаш рече дека не планира да зборува подетално за инцидентот.
57-годишниот комичар моментално е на турнеја во Америка, а на публиката ѝ кажа дека сценариото за настапите го напишал пред Оскарите.
Тој исто така вети дека наскоро ќе зборува опширно за инцидентот.
„Сè уште на некој начин се обидувам да разберам што се случи, а потоа во одреден момент и ќе зборувам за тоа.
„Тоа ќе биде сериозна, но и смешна приказна… Но сега сакам само да се шегувам“, рече Рок на настапот во Бостон.
Тој ги негираше тврдењата на некои јавни личности, меѓу кои и раперот Пи Диди, дека ги средил односите со Смит по Оскарите.
„И покрај тоа што го слушнавте, не сум разговарал со никого“, рече Рок.
Стив Сара, кој беше на настапот на Рок во Бостон, изјави за утринската програма на Би-Би-Си дека обожавателите го поддржуваат комичарот.
„Штом излезе на сцената, веднаш почнаа аплаузите“, вели Сара.
„Не можеше да зборува неколку минути, а видовме како си ги брише солзите, очигледно му беше мило“, додаде тој.
Еден човек бил исфрлен од емисијата откако извикал ‘Вил Смит’.
Рок на ова само ја прашал публиката: „Дали вака ќе пројде оваа емисија?“.
Претставници на Американската филмска академија, која е организатор на Оскарите, открија дека побарале од Смит да ја напушти церемонијата по инцидентот, што актерот го одбил.
„Сепак, признаваме дека можевме да постапиме поинаку во таа ситуација“, се додава во соопштението.
Академијата исто така објави дека „покренала дисциплинска постапка против Смит поради кршење на правилата и стандардите на однесување на таа институција“ и му се извини на Року.
Нови, конкретни потези би можеле да се направат на 18 април, на следната средба на челниците на академијата.
На Смит му се заканува „суспензија, исклучување од членство и други санкции“, се додава во соопштението.