КРИПТО ИЗМАМА ВО БИТОЛА Mаж останал без 340.000 денари
Жител на Битола пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило како директор на крипто-компанија и му извлекло 340.000 денари.
Триесет и двегодишен жител на Битола пријавил дека бил измамен за 340.000 денари од лице кое се претставило како директор на компанија за тргување со криптовалути.
Според неговата пријава во полиција, комуникацијата започнала преку електронска пошта во периодот од јануари до средината на февруари годинава. Измамникот постепено ја стекнал неговата доверба и го убедил да му овозможи пристап до компјутерот, по што во неколку наврати му биле префрлени пари.
Случајот бил пријавен во СВР Битола, од каде информираат дека се преземаат мерки за расчистување на измамата и откривање на сторителот.
Полицијата апелира граѓаните да бидат внимателни при онлајн комуникација со непознати лица, особено кога станува збор за финансиски инвестиции и пристап до лични уреди.