КРИМИНАЛОТ ЌЕ СТАНЕ НЕИСПЛАТЛИВА ПРОФЕСИЈА Набљудуваме неколку криминални групи, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека битката против криминалот трае, и дека секој криминалец ќе биде однесен онаму каде што му е местото.

246

Мора сериозно да се занимаваме со битката против кирминалот и да го направиме криминалот неисплатлива професија, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на Катастарот.

Тој рече дека битката против криминалот трае и дека секој криминалец ќе биде однесен онаму каде што му е местото.






– Секој криминалец кој мисли дека може да профитира со криминал, многу брзо ќе се разочара, и ќе биде сместен каде што му е местото. Постојат политички глодари кои мислат дека на таков начин ќе спечалат поен на сметка на загубени животи, но жалам што тие не гледаат во минатото и што правеа тие додека беа во владата, и што ние денеска мораме да поразиме. Но, ќе се бориме и ќе победиме – рече Мицкоски.

Тој додаде дека институциите веќе набљудуваат повеќе криминални групи во Скопје и во другите градови и очекува наскоро за нив са заврши убавото време.

– Не се само тие, набљудуваме уште неколку групи, и низ Скопје и низ цела Македонија. Тука идентификувавме три групи, кои имаат логистика и во затворите, и се занимаваат со изнуда, тероризам, тежок облик на криминал, и очекувам многу скоро и за нив криминалот да биде неисплатлива професија – рече Мицкоски.

Поврзани содржини