КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ САКАА ДА МЕ ДИСКРЕДИТИРААТ Муареми очекувал да се отфрли кривичната против него
Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Арафат Муареми, затворањето на предметот против него го смета за правда која ја очекувал.
– Правдата можеби е спора, но секогаш е достижна. Извршениот претрес во Управата за финансиска полиција и целиот тој предмет против мене беше покренат без ниту еден основ и само со една единствена цел- моја дискредитација и рушење на мојот углед, што во тој момент им одеше во прилог само на одредени криминални структури за кои што тековно се водеа постапки во Управата – вели Муареми за Макфакс.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска ја отфрли кривичната пријава против Муареми.