КРИМИНАЛЕЦ СЕ ПРИКРИВАЛ СО ПОЛИЦИСКА УНИФОРМА Тошковски за уапсениот бодигард на премиерот

Во оној момент кога ќе ги имаме сите информации, ќе ги споделиме со јавноста. Сите во министерството се вознемирени кога гледаат дека криминалец се прикривал со униформа, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

377

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска пред медиумите одби да споделува детали од истрагата за осомничениот Ангел Сарамаков, самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски и да каже какви материјали тој сакал да изнесе, односно да предаде на надворешни лица.

Сарамаков беше фатен на паркинг пред хотел во Велес при обид да продаде тајни документи за 50.000 евра, соопшти претходно Јавното обвинителство.






– Тој е еден од случаите каде покажавме дека се бориме неселективно против криминалците во внатрешни рбаоти. Одделот по внатрешна контрола, по добиени информации во рамки на Одделот, бил известен надлежен јавен обвинител кој се согласил и дал наредба да бидат преземени дејствијата истата вечер. По спроведувањето на предметната акција, извршени се повеќе претреси кај полициски службеници, при што се пронајдени докази во таа насока. Во овој момент не би сакал да споделувам детали од истрагата. Во оној момент кога ќе ги имаме сите информации, ќе ги споделиме со јавноста. Сите во министерството се вознемирени кога гледаат дека криминалец се прикривал со униформа – рече Тошковски.

Поврзани содржини
na