КРИМИНАЛЦИТЕ ОД ВЛАСТА ЈА ДОВЕДОА ЗЕМЈАТА ВО ЕНЕРГЕТСКИ КОЛАПС Народот тоа скапо ќе го плати, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта за само 1година ЕЛЕМ (ЕСМ) и МЕПСО ги претвори во загубари, затоа што трошеше пари на непотистички вработувања, мебел и луксуз, наместо да го одржува и надградува електроенергетскиот систем.

573

Неспособноста, неодговорноста, а пред се криминалните политики на власта на Зоран Заев ја донесоа Македонија пред енергетски колапс, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата во рекацијата велат дека најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола сред енергетска криза работи само со половина блок, од три блока. Има јаглен само за два дена, а капацитетот на вештачките езера е доведен во состојба да задоволи само еден ден производство на струја. Сега Владата ќе префрли неверојатни 4 милијарди денари народни пари на ЕСМ и МЕПСО за да го покрие неодговорно работење и неспособноста на менаџерските тимови.






„Што фатија запустија. За само година дена ЕЛЕМ (ЕСМ) и МЕПСО ги претворија во загубари, затоа што трошеа пари на непотистички вработувања, мебел и луксуз, наместо да го одржуваат и надградуваат електроенергетскиот систем. Поради криминалците во Власта на Заев Македонија нема доволно производство електрична енергија па затоа се трошат огромни суми народни пари за увоз. Само за три дена државата купи струја во износ од 9 милиони евра, а истата количина електрична енергија можеше да се произведе во нашите капацитети за 4,5 пати поевтино. Досега имаме добиено пет опомени од Европа заради недозволено повлекување на струја и за тоа ни претат со милиони евра казна. Тоа значи дека домашните апаши почнаа да крадат струја и од Европа“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека сето ова народот ќе го плати скапо, прво преку трошење пари од буџетот, а потоа преку повисоки сметки.

– Владата ќе префрли неверојатни 4 милијарди денари народни пари на ЕСМ и МЕПСО за да го покрие нивното неодговорно работење и неспособноста на менаџерскиот тим. Само за споредба овие пари се колку 5,3 годишни буџети на Министерство за екологија, или 17 буџети на Министерството  за култура, или 20 буџети на Центарот за управување со кризи, или 133 буџети на Инспекторат за животна средина, односно 60 отсто од буџетот на Министерството за здравство.Ете толку чини криминалот на власта на Заев. Ете толку чини нивната неспособност. Заев и неговата власт се извор на кризи и проблеми и не може да бидат решение за истите. Колку побрзо заминат од власт, толку подобро за Македонија“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини