КРИМ МОРА ДА СЕ ВРАТИ ВО ГРАНИЦИТЕ НА УКРАИНА Зеленски вели нема друга алтернатива за мир
Според украинскиот претседател, само со враќање на Крим во составот на Украина ќе се врати мирот во светот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека за „деокупацијата“ на Крим нема алтернатива, не само за Украина, туку и за целиот свет.
– За редот во светот врз основа на конвенциите и Повелбата на ОН, а не на криминалните навики на убијците, силувачите и разбојниците што Русија се обидува да ги шири – рече Зеленски.
Според Зеленски, Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.