📽️ КРИЛО НА БОИНГ ПРЕСЕЧЕ ЕРБАС КАКО ДА Е ОД ХАРТИЈА Четири пилоти под истрага по драматичниот инцидент на пистата
Видео снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на Ербасот за време на судирот на пистата.
Виетнамска авиокомпанија суспендираше четири пилоти откако Боинг удрил во паркиран Ербас на пистата и го откинал неговиот стабилизатор. Авион на Виетнам ерлајнс се судрил со друг авион на истата компанија на аеродромот Нои Баи во Ханој.
Видео снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога крилото го удира вертикалниот стабилизатор на Ербасот за време на судирот на пистата.
Судирот се случил околу 14 часот во петокот кога Боинг 787 што летал кон Хо Ши Мин се движел кон пистата и удрил во Ербас А321 паркиран на платформата, кој чекал да полета за Диен Биен. Снимките покажуваат како десното крило на Боингот како го сече стабилизаторот на Ербасот и минува низ него.
Виетнамска авиокомпанија суспендираше четири пилоти, по двајца од секој авион, по несреќата, чија причина сè уште не е утврдена. Прелиминарните наоди покажуваат дека Ербасот не бил правилно паркиран.
Боингот претрпел оштетување на врвот на крилото во инцидентот. Авиони за замена на крајот ги транспортираа сите 386 патници од двата оштетени авиони до нивните дестинации. Независен тим ангажиран од авиокомпанијата ќе спроведе истрага за несреќата со Управата за цивилно воздухопловство на Виетнам.
On Thursday, June 27, 2025, two #VietnamAirlines aircraft were involved in a ground collision at #Hanoi Noi Bai International Airport (HAN) in #Vietnam.
🎥 ©️ @phamtung2588#Boeing #B787 #Dreamliner #Airbus #A321 #aviation #avgeek #flights #travel #traveler pic.twitter.com/nStBDf9lYJ
— FlightMode (@FlightModeblog) June 28, 2025