КРИКОТ НА ЧИЧКО БРАНКО ОД ВОЛКОВО ДОПРЕ И ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈКОСКИ Општината нуди финансиска помош и привремено сместување

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоским, му ветил на Бранко дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.

1,740

Бранко и неговиот син, жители на Ѓорче Петров, ќе добијат финансиска поддршка и помош за привремено сместување од општината, откако нивната куќа изгоре во страшен пожар пред два месеци, информираше денеска градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Тој ги посетил и разговарал со таткото кој објаснил дека им треба место за да ја поминат зимата.






Стојкоски му ветил дека ќе направи сѐ за итно да се најде привремено сместување со хумани услови за живот, додека да се изнајде трајно решение за пеплосаниот дом.

– Потресна е животната сторија за чичко Бранко и неговиот син, лице со попреченост во развојот. Куќата во која живееле е уништена до темел во септември. Таа би била функционална само ако се изгради одново. За жал, тој изгубил сѐ што имал. До сега, летото го поминувале во подрумските простории, а извесен период живеат кај роднини. Се заложивме да направиме сѐ што можеме за да најдеме привремено сместување и достојни услови за живот, додека трајно не се реши проблемот. Општината ќе помогне и финансиски во рамки на програмата за помош на лица со социјален ризик – посочи Стојкоски.

Уште во текот на викендот, градоначалникот стапи во контакт со службите во општината, а потоа и со Центарот за социјални работи. И од нив е побарано да се ангажираат за синот на Бранко да биде сместен во интернат.

– Делуваме и институционално и веднаш испративме и допис до Центарот за социјални работи, преку кој посочивме дека има согласност од таткото за синот да биде сместен во интернатот на средното училиште каде што учи, со цел да добие значително подобра грижа и нега – додаде Стојкоски.

Поврзани содржини