КРИЕЛЕ ДЕКА СЕ ГЕЈ 30 ГОДИНИ Имале деца, молчеле, чекале да починат родителите
Тие секако ги задржале традиционалните родови улоги пред другите: Синди носела долга коса, а никогаш не кажале во јавност дека Бред е тој што ја уредувал куќата. По 32 години на децата им соопштиле дека се геј, а сега ќе се разведат и ќе одат во нов живот. Сепак, тие не би можеле да го обзнанат сето ова доколку претходно не починaле нивните религиозни родители.
Бред и Синди Марлер од Чикаго во САД цели 30 години криеле пред светот дека се геј, а својата тајна конечно им ја откриле на совите возрасни деца, синот и ќерката, пишува Нет. Педесетгодишните брачни другари знаеле еден за друг дека се хомосексуални неколку години по свадбата, но одлучиле да кријат бидејќи тогаш живееле во многу религиозно маало во градот Илиноис.
„Отсекогаш велевме дека сме против светот“, рече Бред.
Бред и Синди во септември направија 32 години брак, пишува Дејли Мејл. Тие живееле „целоамерикански живот“ по правилата што тогаш, во 80-тите биле на „сила“ во општеството. Сопружниците конечно ќе се преселат во Чикаго каде што ќе започнат нов, послободен животен стил.
“A lot can be hidden behind a marriage. For Brad and Cyndi Marler, it was that they are both gay.
A few years after their wedding, they told each other their secret. Then, for more than three decades, they told no one else.”https://t.co/lyg3fjYYOU via @NBCOUT @nbcnews
— Julianne McShane (@JulianneMcShane) November 1, 2021
Растеле во религиозни семејства
Растејќи во религиозни домаќинства во малите заедници во Илиноис, излегувањето од плакарот не беше опција за Бред и Синди, кои прославија 32 години брак во септември.
– Бидејќи сте геј, едноставно ќе одите директно во пеколот. Нема две опции за тоа – рече Синди за она што таа и Бред ги учеле на школо.
Дури и кога изгледало дека цела Америка е со протести и движења за правата на хомосексуалците, фамилијата Фамилијата Марлер стравувале дека ќе бидат разоткриени. Тие изградиле дом и семејство, ги воспитувале своите деца и никогаш не се откажале од бракот.
Тие секако ги задржале традиционалните родови улоги пред другите: Синди носела долга коса, а никогаш не кажале во јавност дека Бред е тој што ја уредувал куќата.
– Сакавме куќа, куче, две деца – и го направивме сето тоа – објасни Синди. – Донесовме одлука тоа да функционира. Тоа е она што сакавме да го направиме.
Живот со депресија
Но, сè има свои граници. Бред станал длабоко депресивен и почнал да работи на својата внатрешна хомофобија со помош на неделна терапија.
– Толку долго го мразев тој дел од себе … Не разбирав зошто тоа што го имав со Синди не беше доволно – вели тој.
Двојката исто така рече дека тие никогаш и немало да излезат во јавност ако нивните родители сè уште биле живи. Бред истакна дека срамот што го поврзува со неговата сексуалност настанал откако неговата мајка се соочила со него кога имал 16 години поради можноста да биде геј.
Таа само рече:
– Ако си, тоа не е во ред. Нема да му го правиш тоа на семејството – му рекла мајка му.
– Никогаш повеќе не разговаравме за тоа – се присети Бред. Д
Друг голем фактор бил тоа што излегло дека нивната ќерка била лезбејка.
– Имаше огромна потреба да се заштити – вели тој.
Прво се пензионирале, па се развеле за да бидат ЛГБТ
Бред и Синди живееле заедно до март кога, откако се пензионирале и го продале својот дом, се преселиле во посебни станови во Чикаго за да го истражуваат животот како дел од ЛГБТ-заедницата за прв пат.
Бред ја опишува оваа промена како минување низ втор пубертет.
– Сè е ново – рече тој.
Синди се фокусира на разбирање на себеси пред да ја продолжи врската со жени.
– Тоа е како да го извадите овој филтер и да се прашувате „Што сум јас?“ – вели таа.
Сè уште се најдобри пријатели
Иако Фамилијата Марлер сега живеат одвоено, тие не планираат веднаш да се разведат и сè уште се гледаат речиси секојдневно.
– Сè уште сме најдобри пријатели – рече Синди. – Целата наша динамика е подобра сега – додаде Бред.
Нивната ќерка неодамна напиша писмо до родителите за тоа искуство.
– Таа напиша дека е среќна што гледа дека сум среќен – раскажува Бред.
Општеството е сè уште негостопримливо
Истражувањето на Вилијамс институтот за сексуална ориентација и јавна политика покажува дека хомосексуалците во САД излегуваат во јавност на помала возраст од претходните генерации, а дека Бред и Синди се дел од ЛГБТ заедницата кои чекале подоцна во животот за да ја обзнанат својата ориентација.
– Општеството е сè уште негостопримливо. Тоа не негира толку многу неверојатни промени во ставовите на јавноста, во законите, во политиката, но не ја измива стогодишната хомофобија во општеството – вели Илан Мајер, научник за јавна политика во Институтот.