КРЕШНИК БЕКТЕШИ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Судот во Кочани допрва ќе одлучува за мерките за останатите осомничени

Портпаролот на Основниот суд Кочани вели дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот на ЈО за Бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичен совет и адвокатите да се произнесат по предлозите.

58

Основниот суд Кочани го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши. Судот уште не одлучувал по останатите предлози на Обвинителство за осомничените лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Портпаролот на Основниот суд Кочани вели дека судија на претходна постапка одлучувал по предлогот на ЈО за Бектеши, додека за другите се чека делегирање на член од Кривичен совет и адвокатите да се произнесат по предлозите.






– По останатите предлози сè уште не е одлучено. До судот се доставени. Се постапува по истите, кога ќе има одлука јавноста ќе биде информирана – изјави за МИА портпаролот на  кочанскиот суд.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека до ОС Кочани освен предлогот за замена на изречената мерка притвор со куќен притвор за две лица, доставило предлог и за продолжување на претходно определените мерки притвор и куќен притвор за 18 осомнилени лица.

„Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определените мерки притвор и куќен притвор. По предлозите на обвинителството ќе одлучува Судот“ соопшти ЈО.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Поврзани содржини