📽️ КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ГОЛЕМ ПОГОН ЗА ГАС ВО РУСИЈА Украинските сили целат на енергетската инфраструктура
Објектот Уст-Луга, во сопственост на „Газпром“, а управуван од енергетската компанија „Новатек“, е еден од најголемите погони за преработка на природен гас во Европа и клучен извозен центар за руски гас што се транспортира преку цевководи од Арктикот и од Западен Сибир.
Дронови со долг дострел извршија напад врз терминалната станица за гас на „Новатек“ во Уст‑Луга, предизвикувајќи голем пожар откако остатоци од соборени беспилотни летала паднаа врз објектите, јави Ројтерс. На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа голем облак од чад, но засега нема извештаи за повредени.
Нападот се случил на 24 август, на денот на независноста на Украина, кога истовремено беше извршен удар и врз нуклеарната централа во Курск, што ја намали продукцијата од еден реактор за 50 %. И за овој случај беше јавено дека нема повредени.
Според Блумберг, за нападот вo Уст-луга се одговорни специјалните сили и безбедносните служби на Украина, кои користеле дронови со долг дострел.
The Ust-Luga terminal in the innermost part of the Gulf of Finland is a key 🇷🇺 facility for export of oil and gas. It’s evidently been hit by 🇺🇦 long range drones. pic.twitter.com/d6ChcgQQGJ
— Carl Bildt (@carlbildt) August 24, 2025
Објектот Уст-Луга, во сопственост на „Газпром“, а управуван од енергетската компанија „Новатек“, е еден од најголемите погони за преработка на природен гас во Европа и клучен извозен центар за руски гас што се транспортира преку цевководи од Арктикот и од Западен Сибир.
Губернаторот за Северна Русија Александар Дрозденко на Телеграм извести дека пожарот бил изгаснат со специјален воз за гаснење, додека воздушниот сообраќај веќе е нормализиран со враќање на летовите на аеродромот во Санкт Петербург.
Во рамки на истата серија удари, според Ројтерс, украинските дронови погодиле и други енергетски објекти, со што за приближно 17 % е нарушен капацитетот на руските преработки и извоз на гориво, од Волгоград до Уст‑Луга, со видливи ефекти во снабдувањето со бензин, особено во Крим, јужна Русија и на Далечниот Исток.