Кремељ: Западот да не размислува воено да се меша во Украина

Песков вчера изјави дека „Русија ги придвижува своите вооружени сили на своја територија како што нејзе и одговара“.

399

Официјален Кремљ денеска го предупреди Западот дека е против какво било воено мешање во Украина.

– Воениот ангажман на НАТО во корист на Киев ќе доведе до дополнителни мерки од руска страна со цел да се обезбеди безбедноста – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.






Тој повтори дека „Русија не претставува закана и никогаш не ни се заканила на никого“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја обвини Русија за акумулирање војници на заедничката граница, а Вашингтон ја предупреди Москва да не се обидува да и се „заканува“ на Украина.

Песков вчера изјави дека „Русија ги придвижува своите вооружени сили на своја територија како што нејзе и одговара“.

По долг прекин на огнот во текот на втората половина на 2020 година, од јануари годинава има зголемен број судири меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина. Во последните конфликти загинаа 19 украински војници и двете завојувани страни меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите.

Поврзани содржини