КРЕМЉ ОТКРИ ДАЛИ Е МОЖНА СРЕДБА МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН НА 16 МАЈ Рускиот лидер нема план да патува во Саудиска Арабија

Америанскиот претседател планира да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати меѓу 13 и 16 мај, но рускиот претседател нема планирано патување на Блискиот Исток за тој период, информираше портпаролот на Кремљ.

169

Кремљ денеска соопшти дека средба меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, е неопходна, но дека Путин нема планирано патување за Блискиот Исток во средината на овој месец.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во одговор на новинарско прашање дали е можна средба Трамп-Путин во Саудиска Арабија. Трамп планира да ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати меѓу 13 и 16 мај.






Песков рече дека за организирање на таква средба се потребни многу напори и во оваа фаза нема ништо конкретно.

Во исто време, портпаролот на Кремљ изјави дека одлуката на Германија да ја определи партијата „Алтернатива за Германија“ како „екстремистичка организација“ покажува дека во Европа изобилуваат рестриктивни мерки за политички сили и личности „кои не се вклопуваат во актуелната конјунктура“.

Дмитриј Песков ја изрази и загриженоста на Русија во врска со тензиите меѓу Индија и Пакистан, кои се зголемија по насилството на границата кон крајот на минатиот месец. Портпаролот на Кремљ истакна дека Москва високо ги цени односите и со Делхи и со Исламабад.

Поврзани содржини