Кредитна линија преку Развојна банка и за радиодифузерите

Се очекува преку оваа мерка да се обезбеди поддршка на ликвидноста на компанитте од оваа дејност.

352
Нова бескаматна кредитна линија и нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестирале остварената добивка де двете мерки од шесттиот пакет мерки кои ќе се реализираат преку Развојната банка.





–  Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија. Оваа кредитна линија налик на ковид 1, наменски ќе ги таргетира субјектите кои се активни во дејноста на емитување радио и телевизиска програма. Во следниот период согласно заклучоците на Владата, со економските ресори ќе работиме на конкретно операционализирање на оваа мерка. Преку јавен повик ќе им биде овозможено на медиумите да користат бескаматен кредит со рок на отплата од 48 месеци и грејс период од 12 месеци. Очекуваме преку оваа мерка да се обезбеди поддршка на ликвидноста на компанитте од оваа дејност –  рече директорот на Развојната банка Кире Наумов.
Наумов појасни дека втората мерка е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестираат остварената добивка.
– Ова  нема да биде нова кредитна линија, туку ќе биде нов модул за субвенционирање на каматниот трошок. Развојната банка  ќе соработува со економските ресори и Македонската банкарска асоцијација за да развиеме модел каде крајните корисници ефективно ќе имаат нула камата за новоодобрените средства од деловните банки – рече Наумов.
Поврзани содржини