Кредити, субвенции за плати, прв сет економски мерки на владата

Царовска најави дека за две недели во фондот на Развојната банка ќе се слеат и уште 6 милиони евра

1,687

Директна финансиска поддршка од 5, 7 милиони евра за малите претпријатија од Македонска развојна банка. Од 3 до 30 милиони евра ќе добијат компаниите зависно од големината. Кредитот е бескаматен. Ова е првата од сетот економски мерки предложена од Владата кои ги презентира денеска вицепремиерката Мила Царовска.

Царовска најави дека за две недели во фондот на Развојната банка ќе се слеат и уште 6 милиони евра.






– Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Она што е овде важно е дека овие кредити се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти, грејс периодот  ќе биде 6 месеци, а рокот на отплата 2 години – информира Царовска.

Покрај ова владата обезбеди поддршка на компаниите за исплата на плати во овој период. Субвенционирање на придонеси во туризам, транспорт, угостителство за април, мај и јуни. 50 отсто од придонесите на просечна плата во 2019 година. Компаниите кои имаат остварено добивка во 2020 година ќе вратат 50 отсто од придонесите.

– Условите за користење на оваа мерка се следните: Компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020та година,и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму, Компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односнофинансиски извештаи за 2020 година; и  Компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на Мерката -додаде Царовска.

Владата препорача да се реорганизира работењето и во 4 смени. Фабриките да се дезинфицираат при промената на смените.

МАКАМТРАНС ќе дава дозволи за влез на товарни возила.

– Владата е целосно мобилизирана за справување ос кризата – рече Царовска која рече и дека мерките се донесени преку анализа и со мислење на бизнисот.

 

Поврзани содржини