КРЧМА БЕЗ КРЧМАР Лидерска требаше да има пред „уценувачкиот“ договор
ВМРО-ДПМНЕ вели дека главна тема на една таква лидерска средба би требало да биде за предвремени парламентарни избори.
Покана за лидерска средба не е доставена до ВМРО-ДПМНЕ треба да има прво координација меѓу партиите па да се извести јавноста, рече Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновски посочи дека главна тема на една таква лидерска средба би требало да биде за предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече „затоа што гледаме дека Владата нема доволно стабилност, ниту во оваа ситуцаија не може да ги реши кризите, да донесе закони и да собере кворум за дискусија по истите“.
– Што се однесува до поширок општествен консезус ситуацијата личи на онаа народната крчма без крчмар, разговори требаше да има пред да се потпишат уценувачки договори кон Македонија, а не да се ветува нешто што не можат да испорачаат. Ако тогаш се воспоставеше јасна и цврста црвена линија, се ќе беше поинаку. Сега со вакви услови никогаш нема да се согаласиме со уставни измени затоа што со тоа само ги легитимираме бугарските барања. – рече Андоновски, укажувајќи дека треба да се разговара за надминување на политичката нестабилност, зошто за такви измени на Устав треба силна општествена поддршка која Владата ја нема.