КРАЖБА, КОРУПЦИЈА, КИДНАПИРАЊЕ Тајни документи откриваат како се збогатил Абрамович
Има и обвинувања за корупција поради купувањето на Сибнефт, каде што му требало политичко влијание кое го немал. Сопственикот на Челзи му подарил повеќе од десет милиони фунти на Александар Коржаков, важен човек во владата на Борис Елцин.
Поврзаноста со рускиот претседател Владимир Путин, сериозно многу го чинеше сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кој поради руската инвазија на Украина, моментално минува низ остри санкции.
Милијардерот прво беше санкциониран од британската влада, а потоа и од Премиерлигата, а сето тоа поради неговите врски со Путин.
Би-Би-Си сега објави нови документи како познатиот сопственик на Челзи стигнал до неговото богатство.
Кражба, корупција, киднапирање
Првиот проблем со законот Абрамович го имал во 1992 година, ограбувајќи воз полн со гориво, а потоа го препродал. Руските адвокати изјавија за Би-Би-Си дека инцидентот бил само недоразбирање. Московската полиција издала налог за апсење, но случајот потоа исчезнал без трага.
Има и обвинувања за корупција поради купувањето на Сибнефт, каде што му требало политичко влијание кое го немал. Сопственикот на Челзи му подарил повеќе од десет милиони фунти на Александар Коржаков, важен човек во владата на Борис Елцин.
Случајот бил истражен од рускиот парламент во 1997 година, а потоа бил обвинет за измама, но Абрамович тогаш имаше поддршка од рускиот претседател.
Купувањето на Славнефт му донесе обвинение за киднапирање. Кинеската компанија понудила двојно повеќе од Абрамович, а кога нивната делегација пристигнала во Москва да преговара за купување, еден од нивните членови бил киднапиран. Кинеската компанија потоа се повлече од разговорите. Неговите адвокати за Би-Би-Си тврдат дека тој не знаел за инцидентот и дека обвинувањата се лажни.
Врска со млада Украинка
Деновиве на виделина излезе дека тој повеќе од една година е во врска со 25-годишната водителка и модел, Александра Коренџук.
Тој сега е во Москва
Абрамович денес слета во Москва од Израел, каде што беше фотографиран како чека на аеродромот.
Russian-Israeli billionaire Roman Abramovich, who last week was hit with sanctions by the UK government, has been spotted at an airport in the Israeli city of Tel Aviv.
Read more about this story: https://t.co/ctp7E1ykse pic.twitter.com/nqayRECTdM
— Sky News (@SkyNews) March 14, 2022