КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ ВО НАЈАВА Променливо и нестабилно време во текот на денот

Минималните температури ќе бидат од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степен.

1,699

Променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за краткотрајно невреме, најавуваат од УХМР за денеска.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат од 9 до 16 степени, а максималната ќе достигне до 27 степен.






Во Скопје времето ќе биде  променливо облачно, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во главниот град ќе се движи во интервал од 14 до 26 степени целзиусови.

Поврзани содржини