Кратка СФ приказна
Инаку, „Синофарм“ се поефикасните и побезбедните кинески вакцини од двете одобрени. Иако и тоа ефикасни и безбедни треба да се земе со резерва бидејќи со Кинезите никогаш не си на чисто.
По препорака на браќата Срби, се јавиле во „Синофарм“ да побараат вакцини. Се претставиле фино лепо и почнале муабет. Од таму им кажале дека бидејќи не биле дел од тест фазата, на можноста за нарачка на поголема количина вакцини може да се надеваат дури кон крајот на годината или на почетокот на следната.
Инаку, „Синофарм“ се поефикасните и побезбедните кинески вакцини од двете одобрени. Иако и тоа ефикасни и безбедни треба да се земе со резерва бидејќи со Кинезите никогаш не си на чисто.
После овој нокаут разговор, ставени во безизлезна ситуација, уметнички наречена „останавме слепци“, одлучиле сепак да се јават и во „Синовак“. „Синовак“ произведува антиковид вакцини кои се исклучително евтини (три за сто) и се наменети за ултрасиромашни држави. Дури и самите Кинези ги даваат само на омилените им жители на Тибет.
Од „Синовак“ браќата им рекле дека нема никаков проблем, но под еден услов: да бидеме дел од тест фазата на новата и подобрена вакцина што сега ја развиваат, бидејќи старата се покажала како недоволно ефикасна. Им дале два дена на нашиве да размислат. Сега размислуваат како тоа да го протнат во јавноста без да бидат ставени на клада.
Патем, други вакцини на хоризонтот нема, освен оние 100 ветени и неиспорачани бугарско-американски вакцини и 8.000 кинеско-српски, ветени и исто така неиспорачани од Вучиќ.
Среќа што приказната е измислена од една неупатена будала која не е во тек со случувањата. Да беше поинаку ќе беше многу, многу лошо.
(ФБ статус на авторот)