КРАС СЀ УШТЕ ГОРИ Околу 800 пожарникари цела ноќ се обидуваа да ги стават под контрола огнените јазли
Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.
Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта“.
Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.
Во гаснењето на пожарот денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер.
– Се надеваме дека пожарникарите со поддршка од воздух утрово ќе успеат да го ограничат пожарот – изјавија одговорните.
Според метеоролозите дожд во регионот на пожарот се очекува следната недела, најверојатно во вторник.
На 20 јули пожарот од Италија се прошири и во Словенија. Тоа е најголем пожар досега во Словенија.