КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО Ѝ ЗАБРАНИ ЕДЕН ЗБОР Меган не знаела дека сценариото претрпело измена…

Но, што значи „poppycock“? Буквално, тоа означува „бесмислица“ и се користи кога некој зборува бесмислици. Но, проблемот е што „cock“, петел, на англискиот жаргон означува и пенис. „Poppy“, од друга страна, значи „лале“.

672

Сценариото на серијата „Suits“ во која војвотката Меган Маркл глумела уште пред да се ожени со нејзиното момче Хари, било сменето по убедување на фамилијата на Хари – на кралската фамилија. На нив им сметал зборот „poppycock“ кој барале да биде исфрлен за да не ја посрамоти фамилијата.  Набргу откако беше објавено и дека Хари и Меган ќе се свршат, беше обзнаено и дека таа нема повеќе да глуми во серијата.

Ситуацијата беше смирена, а добро познатиот и почитуван креатор на серијата потоа присуствуваше на кралската венчавка на Меган и Хари во капелата Св. Џорџ во замокот Виндзор во мај 2018 година.

 






Но, што значи „poppycock“? Буквално, тоа означува „бесмислица“ и се користи кога некој зборува бесмислици. Но, проблемот е што „cock“, петел, на англискиот жаргон означува и пенис. „Poppy“, од друга страна, значи „лале“. Кралското семејство се плашело дека овој збор гледачите можат да го сфатат како некаква шега, интерна шега, а не во неговото оригинално значење.

– Кралското семејство не сакаше таа да ги кажува зборовите. Претпоставувам дека не сакаа да ја посрамат својата репутација – истакна Арон Корш, креаторот на серијата во интервју.

Тој рече и дека не е сигурен како семејството го добило сценариото, со оглед на тоа дека се работи за тајни информации од снимањето. Тој рече и дека за оваа промена во сценариото Меган не знаела.

– Имав малку симпатии во врска со ова затоа што не сакав ниту нејзината репутација да биде нарушена – истакнува Корш.

 

Поврзани содржини