КРАЛСКО ПРИЗНАНИЕ Елтон Џон прими од принцот Чарлс врвно одликување

Џон (74) доби високо одликување кој го доделува суверен и е ограничено на 65 членови.

275

Пејачот Елтон Џон доби ретко кралско одликување од принцот Чарлс на церемонијата во замокот Виндзор во средата, за неговата повеќе од петдецениска музичка кариера и добротворната работа во борбата против сида.

Џон (74) доби високо одликување кој го доделува суверен и е ограничено на 65 членови.






Поп-ѕвездата, која по 16 години го достигна врвот на британските топ листи со песната „Cold Heart (PNAU remix)“, во соработка со Дуа Липа, им се придружи на уметникот Дејвид Хокни, актерката Џуди Денч, музичарот Пол Макартни и писателката Џ. К. Роулинг.

Еден од најпродаваните уметници на сите времиња, со хитови како „Goodbye Yellow Brick Road“, „Rocket Man“ и „Your Song“, беше прогласен за витез од кралицата Елизабета Втора во 1998 година.

Елтон Џон на церемонијата бил придружуван од неговиот сопруг Дејвид Фурниш. Одел со помош на бастун. Во септември објавил дека ја одложува европската турнеја поради проблеми со колкот.

Џон собрал милиони фунти за борба против сидата и ја основа Фондацијата за СИДА на Елтон Џон во 90-тите.

 

Поврзани содржини