Кралот на порно-филмовите обвинет за силување на три жени

831

Кралот на порно-филмовите Рон Џереми (67) е обвинет за силување на три жени и за сексуален напад на четврта, објавија во вторникот обвинителите во Лос Анџелес.

Џереми, со вистинско име Роналд Џереми Хајат, една од најголемите sвезди на порнографските филмови, кој глумел во повеќе од 1.700 филмови од тој жанр, последните години го следат обвинувања за напади и не е пожелен на настаните организирани од индустријата за возрасни.






Тој е обвинет за четири одделни инциденти кои датираат од 2014 година. Три инциденти се случиле во истиот бар во западен Холивуд, од 2017 до 2019 година, велат обвинителите. Наводното силување во 2014 година се случило во куќа во истата населба Лос Анџелес.

Наводните жртви биле на возраст од 25 до 46 години. Посебниот случај за 2016 година е отфрлен поради недоволно докази. Доколку биде осуден, Џереми може да добие максимална казна од 90 години до доживотен затвор.

Обвинителите побараа да му се одреди кауција од 6,6 милиони долари.

ФОТО: Јутјуб

 

Поврзани содржини