„КРАЛОТ НА КАНАБИСОТ“ СТАНА ПРЕМИЕР НА ТАЈЛАНД Нова надеж по разрешувањето на премиерката која велеше „чичко“
Чарнвиракул ја искористи можноста што партијата „Bhumjaithai“ ја напушти владината коалиција по скандалот со претходната премиерка од династијата Шинаватра и склучи договор со опозиционата Народна партија ветувајќи нови избори во 4 месеци и уставни реформи како услов за поддршка.
Анутин Чарнвиракул, наречен „Кралот на канабисот“, стана новиот премиер на Тајланд, по хаотичната политичка криза и разрешувањето на неговата претходничка Петонгтарн Шинаватра поради протечен дипломатски скандал, јави „Фајненшл тајмс“.
Чарнвиракул е познат по тоа што во 2022 година, како министер за јавно здравство, иницираше измена на Законот за опијати, со што канабисот беше отстранет од листата на контролирани дроги, со што делумно беше декриминализиран, а беше отворена вратата за аптекарски производи од канабис.
Неговото доаѓање на власт доаѓа со огромно мнозинство во Националниот парламент, 311 гласа од 492. Ова може да значи стабилност за земјата по хаотичниот период и конфликтот со Камбоџа.
Чарнвиракул ја искористи можноста што партијата „Bhumjaithai“ ја напушти владината коалиција по скандалот со претходната премиерка од династијата Шинаватра и склучи договор со опозиционата Народна партија ветувајќи нови избори во 4 месеци и уставни реформи како услов за поддршка.
Бегството на династијата Шинаватра заврши драматично. Претходната премиерка Петонгтарн Шинаватра беше отстранета од функцијата на 29 август откако премиерот на Камбоџа објави снимка од телефонски разговор во кој таа го нарекла „чичко“ пробувајќи да ги затопли односите меѓу двете земји кои летово имаа осумдневна војна.
- МУ ВЕЛЕЛА „ЧИЧКО“ НА ПРЕМИЕРОТ НА КАМБОЏА Разрешена е премиерката на Тајланд откако протече разговор
Ова беше симболичен крај на политичката ера на фамилијата Шинаватра, отворајќи нова страница во тајландската политика.
Таткото на Петонгтарн, влијателниот поранешен премиер Таксин Шинаватра неочекувано ја напушти земјата само неколку дена пред судска одлука што можеше да доведе до негово враќање во затвор. Тој нагласил дека заминува на медицински преглед, но потоа летот се пренасочил кон Дубаи.
Освен Таксин и неговата ќерка, премиерка на Тајланд од оваа фамилијата беше и сестрата на Таксин, Јинглук Шинаватра, во периодот од 2011 до 2014 година. За разлика од Таксин кој беше соборен со воен удар во 2006 година, Јинглук беше разрешена од Уставниот суд, нешто што подоцна ѝ се случи и на нејзината сестра.