🎥 КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ „ПРЕЖИВЕА” АТЕНТАТ ПРЕД 30 ГОДИНИ Куршумите не биле вистински, но принцот не можел да го знае тоа
Британските медиуми тогаш Чарлс го нарекле „ладнокрвниот принц". Погледнете зошто.
По атентатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (78), кој се случи во саботата, се ројат сеќавања на слични акти на политичко насилство од светската историја.
Еве едно такво потсетување на еден необичен настан од далечната 1994 година во Сиднеј, во кој во главната ролја е кралот Чарлс Трети, тогаш принц.
За време на говорот што го одржал принцот Чарлс, извесен Дејвид Канг се качил на бината и тргнал кон кралот со пиштол во раката. Испукал двапати користејќи безопасни куршуми.
Принцот Чарлс во тој момент бил изненадувачки мирен, а откако обезбедувањето го совладало Канг и го тргнало од бината, тој со мирен тон го продолжил говорот.
Инцидентот во Австралија се случи во јануари 1994 година, кога тогашниот принц Чарлс се подготвувал да им додели награди на деца пред публика од 20.000 луѓе. Поради неговата мирна реакција на овој застрашувачки момент, британските медиуми тогаш го нарекле „ладнокрвниот принц”.
Погледнете ја снимката од овој настан:
King Charles III, then Prince of Wales, deals with shots fired at him in Sydney in 1994. pic.twitter.com/vlDJUvieYN
— Bobbie (@bo66ie29) July 14, 2024