КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ ЌЕ ГО ПРИМИ ЗЕЛЕНСКИ Украинскиот претседател ќе се обрати и во Парламентот
Канцеларијата на премиерот Сунак објави планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина, најави дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци и дека ќе се забрза снабдувањето на украинската војска со опрема.
Кралот Чарлс Трети ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој веќе пристигна во посета на Обединетото Кралство, во рамките на која ќе има средба со британскиот премиер Риши Сунак, а ќе се обрати и пред британскиот Парламент.
Според информациите на британските медиуми, Зеленски ќе ги посети и украинските војници кои се на обука во Велика Британија.
Канцеларијата на премиерот Сунак објави планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина, најави дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци и дека ќе се забрза снабдувањето на украинската војска со опрема.
„Посетата на Зеленски на Велика Британија сведочи за неговата храброст, решителност и борбеност на земјата, сведочи и за нераскинливото пријателство меѓу нашите две земји. Премирот Сунак ќе понуди поддршка на Лондон за плановите на Зеленски да работи на праведен и траен мир за Украина“, се наведува во соопштението од кабинетот на британскиот премиер.
Британија, исто така, во текот на денот ќе воведе дополнителни санкции кон Русија, кои имаат за цел да им наштетат на оние кои му помогнале на рускиот претседател Владимир Путин да изгради лично богатство и компании кои профитираат од воената машинерија на Кремљ, се вели во соопштението.
🇺🇦🛬🇷🇺King Charles III will receive Zelensky during his visit to Britain on Wednesday – Sky News
In the footage, the plane with Zelensky from Ukraine lands at the British airport. pic.twitter.com/ELW9CtZur9
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) February 8, 2023