КРАЛОТ ЧАРЛС ПОДГОТВЕН ЗА СОРАБОТКА СО ПОЛИЦИЈАТА Нови сомнежи за врските на Ендрју со Епстин

Полицијата во Темс Вали проверува нови тврдења, додека кралската палата порачува дека нема да ја попречува истрагата за поранешниот принц.

280

Британската кралска палата соопшти дека е подготвена да соработува со полицијата доколку биде побарана помош во врска со контроверзните врски на поранешниот принц Ендрју со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.

Од палатата нагласуваат дека кралот Чарлс е „длабоко загрижен“ поради новите информации и обвинувања што повторно го ставаат неговиот брат во центарот на јавноста. Според портпаролот, монархот внимателно ја следи ситуацијата и не ја исклучува институционалната поддршка доколку истрагата се прошири.






– Доколку полицијата од регионот Темс Вали стапи во контакт со нас, подготвени сме да обезбедиме соработка – изјави портпаролот, потенцирајќи дека случајот формално се води под презимето Маунтбатен-Виндзор, кое Ендрју го користи откако му беше одземена принцовската титула.

Поли00цијата од Темс Вали потврди дека проверува наводи поврзани со жена која, според тврдењата, била донесена во приватната резиденција на Ендрју, како и документација што наводно била споделувана со Епстин. Засега нема информации дали ќе биде покрената официјална истрага против поранешниот член на кралското семејство.

Ендрју ја загуби титулата принц минатата година, откако јавноста повторно се фокусираше на неговите контакти со Епстин, што предизвика сериозен удар врз угледот на британската монархија. Иако тој негира каква било вина, притисокот врз кралското семејство повторно расте, а секој нов детал ја продлабочува кризата околу неговото име.

Поврзани содржини