КРАЛОТ ЧАРЛС НАСКОРО СЕ ВРАЌА НА ДОЛЖНОСТИТЕ Бекингемската палата објави охрабрувачки вести за неговата здравствена состојба

Иако тоа не значи целосно враќање на службените обврски, Бекингемската палата сепак, испраќа позитивни сигнали за „охрабрувачки напредок“ во лекувањето на кралот Чарлс кој боледува од рак.

199

Кралот Чарлс ќе се врати на кралските должности по охрабрувачкиот напредок во неговото лекување од рак, објави Бакингемската палата.

Ова сепак, не значи целосно враќање на службените обврски, но палатата испраќа позитивни сигнали, пишува Би-Би-Си.






Како што е најавено кралот Чарлс на 30 април ќе оствари симболична посета на Центарот за лекување од рак. Тој ќе се сретне со персоналот и пациентите и ќе ја изрази својата поддршка за истражувањето за лекување на ракот.

Во јуни, пак, кралот и кралицата ќе бидат домаќини на јапонскиот император и царица.

За потсетување, не е познато во која фаза е болеста на кралот Чарлс кој на почетокот од годинава објави дека има рак, но неговиот лекарски тим е задоволен, од досегашниот напредок иако вообичаено се внимателни со прогнозите.

„Сè уште е рано да се каже уште колку ќе трае неговото лекување“ – стои во официјалното соопштение.

Веста за враќањето на кралот на службените должности ја сподели и премиерот Риши Сунак на Твитер. „Одлични вести за крајот на неделата!“ – напиша британскиот премиер.

Поврзани содржини