КРАЛОТ ЧАРЛС ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА По неговата операција многу мажи ја проверуваат простатата

Кралот бил воодушевен кога дознал дека неговата дијагноза има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје.

179

Кралот ја напушти приватната болница во Лондонска клиника, откако таму помина три ноќи по операцијата на простатата. Кралот бил во болница со бениген проблем со простатата, што е честа состојба кај постарите мажи, објави НХС.
Планот беше кралот Чарлс да има „корективна процедура“ на неговата простата, што беше објавена во медиумите за да ги поттикне другите мажи да ја проверат својата простата.

По операцијата на кралот Чарлс, регистриран е зголемен број на прегледи на простата, а исто така има и зголемен број на интернет пребарувања за зголемена простата. Кралот бил „воодушевен кога дознал дека неговата дијагноза има позитивно влијание врз свеста за јавното здравје“, пренесуваат британските медиуми.
Ден претходни и Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ја напушти истата болница во центарот на Лондон, во која помина речиси две недели откако беше подложена на „абдоминална операција“.






Принцезата беше однесена во нејзиниот дом во Виндзор, без никакво појавување во јавноста, и ќе помине со месеци во опоравување. Точната природа на операцијата не е откриена. А, велот на тајност околку здравствената состојба на принцезата од Велс, во јавноста покрена бројни шпекулации за нејзината болест која според некои тврдења била предизвикана од употреба на препарати за слабеење.

📷 КЕЈТ МИДЛТОН ПУШТЕНА ОД БОЛНИЦА Принцезата од Велс неколку месеци нема да се појавува на јавните настани

Поврзани содржини