КРАЛОТ ЧАРЛС ГОВОРЕШЕ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Мојата мајка е пример за лојалност што сум решен да го следам (ВИДЕО)

Цитирајќи го Шекспировиот Хенри VIII, Чарлс рече дека кралицата била „модел за сите принцови живи“, истакнувајќи колку бил трогнат кога ги видел разните споменици во парламентот за нејзините јубилеи, вклучително и витражот во Вестминстерската сала за комеморација на нејзиниот дијамантски јубилеј во 2012 година.

223

Кралот Чарлс Трети денеска се обрати пред британскиот парламент и рече дека е „решен верно да го следи“ примерот на својата мајка Елизабета Втора.

Четири дена по смртта на Елизабета Втора, претседателот на Домот на лордовите и претседателот на Долниот дом му изразија сочувство на новиот крал во британскиот парламент во Лондон. Тој се заблагодари и ѝ оддаде почит на „покојната владетелка, мојата сакана мајка, кралицата“.






Цитирајќи го Шекспировиот Хенри VIII, Чарлс рече дека кралицата била „модел за сите принцови живи“, истакнувајќи колку бил трогнат кога ги видел разните споменици во парламентот за нејзините јубилеи, вклучително и витражот во Вестминстерската сала за комеморација на нејзиниот дијамантски јубилеј во 2012 година.

– Додека денес стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што нѐ опкружува и ме потсетува на виталните парламентарни традиции на кои им се посветени пратениците на двата дома – рече кралот во краткиот говор.

Придружен од Камила, кралицата-сопруга, тој на пратениците им кажа дека неговата мајка е „пример за посветеност“ што тој е решен верно да го следи.

Откако им се обрати на парламентарците, Чарлс III замина во Шкотска.

Ковчегот на кралицата ќе биде изложен во Единбург на крајот на церемонијата предводена од Чарлс III и кралицата-сопруга Камила.

Националниот погреб ќе биде на 19 септември.

Поврзани содржини