КРАЛОТ ЧАРЛС ГО ПРЕЧЕКА ЗЕЛЕНСКИ Украинскиот претседател влезе без костум во дворецот

1,123

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва пристигна на имотот Сандрингам во Норфолк, каде се сретна со кралот Чарлс Трети.

Воениот хеликоптер со кој патуваше слета на теренот на имотот, по полетувањето во близина на Ланкастер Хаус, каде што претходно учествуваше на самитот со европските лидери.






Зеленски не носеше костум на состанокот со кралот, туку дојде во неформална блуза и панталони.

Ова е прва средба меѓу кралот Чарлс и Зеленски откако кралот го презеде тронот, а се очекува тие да разговараат за ситуацијата во Украина, поддршката на Велика Британија и за хуманитарни прашања.

 

Поврзани содржини