КРАЛИЦИ НА ДЕКОЛТЕТО Двете убавици ги засенија сите други на црвенот тепих
Емили Ратајковски имаше силна конкуренција за најпровокативната комбинација на настанот Swarovski Masters of Lightning. Своите атрибути без страв ги покажа и манекенката Брукс Надер која е позната и како „кралица на бикините“.
Светската елита се собра во Лос Анџелес во вторник на раскошна прослава на отворањето на настанот Swarovski Masters of Lightning, а некои ѕвезди го украдоа целото внимание. Една од нив беше познатата манекенка Емили Ратајковски, која неодамна го имаше своето деби на модната ревија на Victoria’s Secret.
Емили избра елегантна комбинација во нејзиниот препознатлив стил за специјалната вечер. Таа ја покажа својата витка фигура во фустан со изразено деколте и шлиц. Деколтето дополнително го зачини со впечатлива огрлица.
Емили имаше силна конкуренција за најпровокативната комбинација на вечерта. Манекенката и „кралица на бикините“ Брукс Надер, позната по своите смели комбинации кои ѝ оставаат многу малку на имагинацијата, исто така, ги покажа своите атрибути без страв. Таа на настанот организиран од Сваровски пристигна во краток, светкав фустан со прорези и многу длабоко деколте.
На настанот присуствуваа и Шер со нејзиното момче Александар Едвардс, Амелија Греј, Алекс Консани, Елизабет Олсен, Виола Дејвис и бројни други ѕвезди кои останаа во втор план кога на настанот се појавија Емили и Брукс.
View this post on Instagram