Kралицата на Данска се вакцинираше против ковид-19
Маргарет Втора го прославила својот 80-ти роденден во 2020 година и е меѓу првите во земјата кои се вакцинирани.
Данската кралица Маргарет Втора, многу популарна меѓу граѓаните, ја прими првата доза од вакцината против ковид-19, објави денеска кралската куќа.
– Нејзиното височество кралицата беше вакцинирано денес против ковид-19. Кралицата ќе се вакцинира и за три недели – се вели во соопштението на дворот.
Маргарет Втора го прославила својот 80-ти роденден во 2020 година и е меѓу првите во земјата кои се вакцинирани.
Градските власти во Копенхаген планирале прво да ги вакцинираат жителите на домовите за пензионери, постари од 65 години, кои се чувствителни на здравјето и медицинскиот персонал кој е најмногу изложен.
Скоро 30.000 луѓе од 5,8 милиони жители во Данска, кои генерално ги слушаат препораките на здравствените власти, добиле вакцина од „Pfizer“/„BioNTech“ од почетокот на кампањата на 27 декември.
Кралицата Маргарет II е институција која ужива голема репутација во таа скандинавска монархија.
– Ќе останам на тронот сè додека не паднам од него – рече тврдоглавиот пушач, уметник и полиглот со многу таленти, чиј сопруг, принцот Хенри, роден во Франција, починал во 2018 година.
Семејството на данскиот престолонаследник Фредерик бил во изолација на почетокот на декември, бидејќи на неговиот најстар син, принцот Кристијан, му бил дијагностициран ковид-19.