КРАЛИЦАТА НА БИКИНИТЕ ОТВОРЕНО ЗА ПЛАСТИЧНИТЕ ОПЕРАЦИИ „Изгледам како Фреди Кругер и Мајкл Џексон“
- Луѓето велат дека изгледам како Мајкл Џексон - вели за „Bustle“ манекенката Брукс Надер, алудирајќи на операцијата на носот, а призна дека се подвргнала и на инјекции. Таа откри дека пробала третман со сперма од лосос и подигање на вратот со ботокс.
Познатата „Кралица на бикините“, 28-годишната манекенка Брукс Надер, за „Бастл“ отворено зборуваше за пластичните операции на кои се подложила и се спореди со познати личности од поп-културата.
– Луѓето велат дека изгледам како Мајкл Џексон – вели таа, алудирајќи на операцијата на носот, а призна дека се подвргнала и на инјекции. Брукс, исто така, откри дека пробала и третман со сперма од лосос и ботокс лифтинг на вратот.
– Секој Божиќ изгледам како Фреди Кругер – се пошегува манекенката, која има и скап сет коронки кои ги добила од стоматологот Мајкл Апа, и тоа – бесплатно, односно, во замена за објава на Инстаграм, иако Апа го наплаќа тоа повеќе од 50.000 долари.
За да обезбеди работа како модел, Брукс се свртела кон лековите GLP-1.
– Ако не ја добиев работата, ќе ѝ кажев на мојата стара агенција: „Можеме ли да добиеме повратни информации од клиентот?“
Директната повратна информација беше дека треба да ослабам 15 килограми. Не пролеав ни солза за тоа. Не се чувствував лошо во себе. Само реков: – Факт е дека сакаат да ослабам. Како можам да го направам тоа?
Кога почнав да користам GLP-1, мојата кариера тргна по нагорна линија. Не велам дека е тоа правилно. Мислам дека секој е различен, но ослабев 15 килограми и ги добив сите работни ангажмани.