Кралицата конечно се сети дека има уште еден наследник: Ќерката на Меган и на Хари ќе има право на круната (ФОТО)

2,147

Лилибет Дијана, ќерката на принцот Хари и на Меган Маркл, е родена на 4 јуни, а веста за нејзиното раѓање ја објавија нејзините родители на нивната официјална веб-страница.

Сепак, нејзиното име беше објавено на веб-страницата на кралското семејство дури денеска, седум недели по нејзиното раѓање, пренесува „Стандард“.






Нејзиното име е додадено на официјалната листа која се однесува на наследната линија, а се наоѓа и на споменатата страница. На овој список, таа е осма, веднаш под нејзиниот брат Арчи.

За овој пропуст со недели се дебатира во Велика Британија, бидејќи веста за раѓањето на братучедите на Лилибет, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис, како и нејзиниот брат Арчи, беа објавени на веб-страницата на кралското семејство непосредно по нивното раѓање.

На оваа тема за „Експрес“ зборуваше Даниела Елсер, експерт за прашања од кралското семејство.

– Овој пропуст поврзан со Лилибет може да предизвика нов „земјотрес“ во кралското семејство – рече таа на почетокот на овој месец.

Дел од британската јавност смета дека тоа не е случајна грешка, туку пресметан потег поради тензиите во кралското семејство кои не стивнуваат.

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини