📽️ КРАЛИЦАТА КАМИЛА ПРВРПАТ ЈАВНО ПРОГОВОРИ ЗА КЕЈТ МИДЛТОН ПО ДИЈАГНОЗАТА НА РАКОТ Откри нови детали и како се чувствува принцезата

Тоа беше првпат јавно да проговори за принцезата откако таа беше оперирана и откако на 22 март соопшти дека има рак.

1,426

Кралицата Камила денеска откри нови детали за Кејт Мидлтон, при посетата на Шрусбери, град во Англија. Тоа беше првпат јавно да проговори за принцезата откако таа беше оперирана и откако на 22 март соопшти дека има рак.

Сопругата на кралот Чарлс Трети денеска се сретна со две девојки кои ја дочекаа со постер со поддршка за Кејт Мидлтон: „Пренесете ѝ ја нашата љубов на Кејт“.






Камила им рекла: „Знам дека Кетрин е воодушевена од сите убави желби и поддршката“, пренесува британски „Мирор“.

Кралицата Камила ги продолжува официјалните должности додека трае борбата на Кејт и Чарлс Трети со ракот. Нејзиниот јавен настап доаѓа по вчерашното соопштение на Бакингемската палата дека монархот и неговата сопруга ќе се појават в недела на велигденската служба во црквата Свети Џорџ во Виндзор.

Принцот Вилијам треба да се врати на должностите по велигденските празници и ќе продолжи да ги балансира јавните ангажмани и грижата околу Кејт Мидлтон.

 

Поврзани содржини