Милиони фанови на британското кралско семејство ширум светот пред седум години го чекаа раѓањето на наследникот на британската круна.
Кејт Мидлтон летото во 2013 година го роди своето прво дете, синот Џорџ, а полот на детето таа и принцот Вилијам не го знаеле до самото раѓање.
Експертот за кралското семејство, Кејти Никол, за „Мирор“ рекла дека Кејт за време на бременоста претпоставувала дека носи момче, а сакала да му го даде името Александер.
Сепак, името на наследникот не можело да биде само нејзина одлука, па малото дете на крајот го добило името Џорџ, по кралот Џорџ Шести таткото на кралицата Елизабета. Некои извори наведуваат дека кралицата не го одобрила името Александер за идниот крал, па желбата на Кејт не била исполнета.
На крајот, синот на Кејт и Вилијам, името Александер го добил како второ име, а целосното гласи Џорџ Александер Луис.