Кралицата ѝ го честита роденденот на Меган: Каква фотографија одбрала… ФОТО
Кралицата Елизабета Втора ѝ посака среќен 39-ти роденден на војвотката од Сасекс Меган Маркл.
Твитер-налогот на кралското семејство испрати порака до Меган Маркл и ѝ го честиташе роденденот.
„Ѝ посакуваме на војвотката од Сасекс среќен роденден“.
Честитката е објавена со фотографија на која кралицата и Меган во 2018 година заедно биле во посета на Честер.
Насмеаната заедничка фотографија е знак дека нема зла крв после славниот Мегзит и раскинувањето на Хари и Меган со кралското семејство.
Минатата година Меган беше дел од британското кралско семејство и живееше со Хари и нејзиниот син во замокот Виндзор. Овој пат, го слави својот роденден далеку од британската монархија, заради желбата нејзиното семејство да стане финансиски независно.
Сопругата на принцот Хари ќе го прослави роденденот во Лос Анџелес.
🎂🎈Wishing The Duchess of Sussex a very happy birthday!
📸 The Queen and The Duchess are pictured during a joint visit to Chester in 2018. pic.twitter.com/jTv8NmISYo
— The Royal Family (@RoyalFamily) August 4, 2020
FOTO: Tviter