Кралицата Елизабета Втора првпат во јавноста после 220 дена

1,095

Британската кралица Елизабета Втора се појави во јавноста за првпат по седум месеци.

На своето прво јавно обраќање по 220 дена, таа го нарече коронавиросот „ужасен“.






Елизабета Втора во придружба на внукот, престолонаследникот Вилијам го посети Центарот за енергетски анализи во Портон Даун.

За време на нејзината посета на Центарот, британската кралица се состана со научниците кои работат на доверливо истражување, објави „Спутник“.

Повикувајќи се на извор од Бакингемската палата, „Скај њуз“ објави дека за време на посетата е побарана посебна препорака за мерка на претпазливост, истакнувајќи дека сите што се состанале со кралицата биле негативни за тестот за коронавирусот.

На новинарите не им било дозволено да им приоѓаат на посетителите и морале да носат заштитни маски.

Foto: Tanjug/AP

Поврзани содржини