Кралицата Елизабета Втора им се врати на должностите по погребот на сопругот, принцот Филип

317

Британската кралица Елизабета Втора денеска за првпат им се врати на своите јавни должности по погребот на својот 99-годишен сопруг, принцот Филип, одржувајќи аудиенција со странски дипломати преку видео врска.

Насмеаната 95-годишна кралица одржа аудиенција за новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата Коска.






Кралицата ги извршуваше своите должности од нејзиниот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон, каде што пред две недели беше погребан принцот Филип, со кого мина седум децении во брачна заедница.

Ова е прв работен ангажман на кралицата Елизабета Втора од официјалното завршување на кралската жалост, но не и од смртта на нејзиниот сопруг на 9 април.

Поврзани содржини