Кралицата Елизабета Втора е во изолација, принцот Вилијам ги презема должностите ФОТО

2,019

Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип го напуштија Лондон со хеликоптер и се уаптија во палатата Виндзор. Ги спакуваа своите работи и на неодредено време должностите му ги препушти на својот внукот, принцот Вилијам.

Поради годините и опасноста од заразата со коронавирус, од овие вонредни и привремени титули е лишен прицот Чарлс, прв во редот за круната.






Откако неколку дена размислувала што да направи за да го заштити своето здравје, 93-годишната кралица Елизабета и нејзиниот пет години постар сопруг принцот Филип отпатуваа во замокот Виндзор за да бидат на безбедно. Тие го поминуваат Велигден таму секоја година, а заради вонредните околности во светот, пандемијата на коронавирус, кралицата направи исклучок и порано го започна одморот. Од нејзината резиденција во Виндзор, таа ѝ се обрати на нацијата со многу чувствителен тон.

„Филип и јас пристигнавме во Винздор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата држава и остатокот од светот се во голема грижа за здравјето. Не сите ни е советувано да го смениме секојдневието и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме на останатите, на целата наша заедница, а особено на оние најчувствителните. Многу од нас треба да најдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството и да ги осигураат од опасноста. Уверена сум дека сме подготвени за тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека јас и моето семејство сме подготвени да ја одиграме нашата улога во сето ова“, се вели во соопштението.

 

 

 

Поврзани содржини