Кралицата Елизабета в вторник го прославува 94 роденден, првпат во нејзиното владеење испратила вакво барање

681

Британската кралица Елизабета Втора побарала оваа година при прославата на нејзиниот 94-ти роденден, да не се одржи почесна стрелба на кралската стража, објавил новинарот на „Ај-ти-ви вести“, истакнувајќи дека таа смета дека таквиот чин не е соодветен за време на кризата поради коронавирусот.

– Нејзиното величество смета дека на сила не се посебни мерки кои би овозможиле изведување на почесната стрелба, па чувствува дека тоа не е соодветно во овие околности – наведува новинарот Крис Шип на Твитер, повикувајќи се на извор од Бакингемската палата.






Ова ќе биде првпат за 68 годишното нејзино владеење, кралицата да испрати вакво барање. Роденденот на Елизабета Втора оваа година нема да биде одбележан на ниту еден посебен начин.

Ова ќе биде првпат за 68 години од владеењето на Елизабета Втора, кралицата да направи такво барање, додал новинарот, наведувајќи дека роденденот на кралицата нема да се слави на некој посебен начин оваа година.

Бакингемската палата не одговори на барањето на „Ројтерс“ за коментар.

Велика Британија е на врвот или близу до кулминацијата на епидемијата на коронавирусот. Повеќе од 14.000 луѓе починале од ковид-19 во таа земја.

 

 

Поврзани содржини