Кралицата Елизабета ѝ упатила лоши зборови на Меган: Повеќе не си добредојдена во палатата!
Во книгата „Пронаоѓање слобода: Хари и Меган и создавање модерно семејство“, чии детали веќе неколку месеци предизвикуваат бура во јавноста, пишува дека кралицата Елизабета Втора и „одметнатите“ членови на семејството, принцот Хари и Меган Маркл, имале жестока расправија.
Имено, според таблоидот „National Enquirer“, кралицата не штедела лоши зборови на сметката на поранешната актерка.
„Кралицата јасно стави до знаење дека принцот Хари и малиот Арчи можат да се вратат во дворецот во кое било време, но дека тоа не важи за Меган Маркл“, соопштил неименуван извор, близок на кралското семејство.
Тој објасни дека кралицата сакала да разговара лично со Меган за сè, но бидејќи тоа не било возможно поради пандемијата на коронавирусот, таа одлучила да се „пресмета“ со неа „онлајн“.
– Преку видеоповик, таа ѝ соопшти на Меган дека повеќе не е дел од кралското семејство. Ѝ потенцирала дека во палатата секогаш ќе има простор за Хари и за нивниот едногодишен син, но дека со Меган завршила засекогаш – раскажува изворот.
За лошите односи меѓу 94-годишната кралица и 39-годишната војвотка веќе долго време се шпекулира. Сепак, нема официјална потврда дека кралицата и Меган не комуницираат, а пред неколку дена, кралицата ѝ испрати честитка на Меган од официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство.