КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ТРОШИ МИЛИОНИ ЗА ДА ГО ОДБРАНИ СИНОТ Принцот Ендру обвинет за силување

Вирџинија Џуфре го тужи принцот Ендру за силување и сексуален напад врз неа додека била малолетна.

825

Принцот Ендру, војводата од Јорк, син на кралицата Елизабета Втора, се крие во Шкотска на имотот на својата мајка за да ги избегне обидите да ги достави правните документи за сексуална злоупотреба за кои е обвинет.

Да потсетиме, принцот Ендрју го тужи Вирџинија Џуфре за силување и сексуален напад врз неа додека била малолетна.






Кралицата Елизабета Втора сега троши милионски износи за да ја финансира неговата правна битка во обидот тој да ја докаже својата невиност.

Според пишувањето на „Дејли мејл“, кралицата наводно ќе плати милиони на адвокатскиот тим во кој се вклучиле Мелиса Лернер и Ендру Бретлер, за кои се претпоставува дека наплатуваат околу 2.000 долари на час.

Во интервју за Би-би-си пред две години, принцот Ендру изјави дека не се сеќава дека некогаш ја запознал Џуфре, денес 38-годишна жена, која има три деца и живее во Австралија.

Таа тврди дека сексуалните напади се случиле во Лондон, Њујорк и на Девствените Острови, како и дека принцот Ендру бил свесен дека е малолетна (тогаш имала 17 години).

Да потсетиме, по обвинувањата за силување, принцот Ендру беше ослободен од неговите кралски должности. Во тужбата поднесена од Вирџинија Џуфре се наведува дека Џефри Епштајн, осуден педофил, му ја позајмувал на принцот за сексуален однос. Џуфре тврди дека Ендру ја силувал трипати во куќата на Гислајн Максвел во Лондон пред повеќе од 20 години, кога таа сѐ уште била малолетна.

 

Поврзани содржини