Кралицата Елизабета си има свои правила и секој мора да ги почитува – еве дел од нив!
Ако некој ја посетува кралицата, тогаш е должен да ѝ донесе подарок кој ќе биде убаво спакуван. Со празни раце кај кралицата - никако!
Не е лесно да се живее со кралицата Елизабета, бидејќи таа строго и без исклучок се придржува до некои правила кога станува збор за нејзиното владеење. Како што пишуваат британските медиуми, сите оние луѓе коишто се наоѓаат во нејзина близина мора да знаат и да почитуваат одредени правила.
БЕЗ ДОПИР
Ова правило потекнува од средниот век кога монархите ги гледале како богови, па така, освен пријателско ракување, забрането е допирање на кралицата.
ПОДАРОКОТ Е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН
Ако некој ја посетува кралицата, тогаш е должен да ѝ донесе подарок кој ќе биде убаво спакуван. Со празни раце кај кралицата – никако!
НА НОЗЕ
Кога кралицата влегува во просториите, тогаш сите присутни мора да застанат на нозе и да се задржат во таа положба сè додека таа не се смести на својата столица.
ПОКЛОНУВАЊЕ
Кога се запознавате со кралицата Елизабета, задолжително треба да ѝ се поклоните.
ВНИМАВАЈТЕ НА ОБЛЕКАТА
Жените коишто одат на средба со кралицата Елизабета мора да се облечени во свечени фустани, а мажите, пак, мора да носат свечено одело.
ЗБОРУВАЊЕ СО ДОЗВОЛА
Иако ова навистина звучи средновековно, сепак тоа правило мора да се почитува.