КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЛАНСИРАШЕ СВОЈ БРЕНД НА КЕЧАП Сега ќе може да ужива во плескавиците (ФОТО)

875

Британската кралица Елизабета не мирува ниту во 96-тата година од животот, а сега лансираше свој бренд со био производи.

Во прашање се производи направени на нејзиниот имот во Норфолк, а сите неопходни ресурси за производство се токму од имотот.






Меѓу актуелните производи е и кралскиот кечап „Сандрингем томато кечап (Sandringham Tomato Ketchup), кој се рекламира како „идеален за појадок или за кој било друг дел од денот“, пишува магазинот „Пипл“.

Исто така, постои и кафеав сос (Сандрингем браун сос), за кој се вели дека е сличен на сосот од бифтек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cloud 9000 (@cloudninethousand)

Неговата главна состојка е секако доматот, но содржи и сок од јаболко и разни зачини. Позната е и цената на овој популарен додаток, па шише од неполни 300 мл чини повеќе од девет долари.

Поранешниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, открил дека кралицата обожава хамбургери (плескавици), но ги јаде без пецива, со вилушка и нож, а наместо кечап, инаку, користи брусница.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини