КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ИМА 95 ГОДИНИ, НО ЈА ОДБИ НАГРАДАТА ЗА ПОСТАРИ Тоа не се однесува на мене

Списанието, кое се претставува како „лесна“ алтернатива на медиумите „опседнати со младоста и славата“, открило дека ѝ предложил на Бакингемската палата да ѝ ја додели наградата „Постара личност на годината“.

1,441

Кралицата Елизабета Втора која има 95 години,  ја одбила наградата за стари лица којашто ја доделува британски магазин, бидејќи смета дека не ги исполнува условите за тоа, пишува во вторникот „The Oldie“.

Списанието, кое се претставува како „лесна“ алтернатива на медиумите „опседнати со младоста и славата“, открило дека ѝ предложил на Бакингемската палата да ѝ ја додели  наградата „Постара личност на годината“ (The Oldie of the Year) на кралицата која е на престолот веќе речиси седум децении.






Во вторникот, весникот го објави писмото испратено на 21 август од шкотскиот замок Балморал, каде кралицата престојува на крајот на летото, потпишано од нејзиниот личен секретар, Том Леинг-Бејкер.

„Нејзиното Височество мисли дека сте толку возрасни колку што се чувствувате и затоа мисли дека не ги исполнува условите за тоа“, се наведува во писмото.

Откако поминала долго време во изолација во замокот Виндзор во близина на Лондон и покрај шпекулациите дека ќе се пензионира по смртта на нејзиниот сопруг Филип, Елизабета Втора во последно време учествува на многу јавни настани.

Минатата недела, таа беше видена во јавноста како шета со бастун, за првпат од 2004 година.

Принцот Филип, кој почина во април на 99-годишна возраст, ја доби наградата „Олди“ во 2011 година по повод неговиот 90-ти роденден.

„Ништо не е толку разорно за моралот како кога ќе се потсетите дека годините минуваат“, напишал тогаш војводата од Единбург, познат по својот не секогаш дипломатски хумор, во писмото со благодарност. „Но, убаво е да нѐ паметат“, рече тој.

 

Поврзани содржини