КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ГИ ИЗНАСМЕА АНГЛИЧАНИТЕ Одбила награда „старица на годината“ оти не исполнувала критериуми
Нејзиното величество верува дека сте стари само доколку така се чувствувате, така што кралицата не верува дека ги исполнува релевантните критериуми за да може да ја прифати наградата и се надева дека ќе најдете подостоен примател, рекол Том Лаинг Бејкер, кралскиот помошник.
Кралицата Елизабета љубезно ја одбила наградата која ја доделува магазинот “Oldie” за старица на годината. Во писмото упатено за организаторите рекла дека верува во тоа „стар си само доколку се чувствуваш старо” и дека таа не ги исполнува критериумите за награда.
„Нејзиното величество верува дека сте стари само доколку така се чувствувате, така што кралицата не верува дека ги исполнува релевантните критериуми за да може да ја прифати наградата и се надева дека ќе најдете подостоен примател”, рекол Том Лаинг Бејкер, кралскиот помошник.
“Oldie” е магазин кој излегува еднаш месечно наменет за повозрасните лица како „алтернативно списание опседнато со младоста и славните лица”.
Иако кралицата ја одбила наградата, церемонијата во вторникот помина со кралско одобрување. Камила, војвотката од Корнвал присуствувала и ги врачила наградите “Oldie Champion Knitter of the Year” и “Scrumptious Oldie of the Year”.